SWANSON-СЕРТИФИКАТИ
 
1. GООD MANUFACTURING PRACTICES
2. SEVEN LEAF GUARANTEE
3. ПЕЧАТ НА КВАЛИТЕТ
 
SWANSON - СЕРТИФИКАТИ
 


Good Manufacturing Practices (GMP)

Ние во Swanson Health Products сме апсолутно посветени на производството на диететски додатоци со највисок квалитет и одржување на врвен интегритет и етика во нашите бизнис релации.
Уште од 2001 год. нашата компанија има „А” класа односно врвна класа во GMP (Good Manufacturing Practices) - организација која го репрезентира и штити највисокиот квалитет на суровини, индустриско производство и комерција на нутриционистички додатоци во САД, Кина, Европа и ширум светот. Овој GMP сертификат исто така го верифицира фактот дека квалитетот на производите е во согласност со пропишаните норми на ФДА (Food and Drug Administration) Институтот во САД.
Контролата на квалитетот се врши од страна на врвно обучени и сертифицирани инспектори кои го разгледуваат секој аспект од производството и активностите што се вршат во фабриката, се со цел да се осигурат дека квалитеот е во согласност со државните норми и регулации.
Со цел да обезбедиме највисок квалитет, ние бараме и од сите наши бизнис партнери верификација на квалитетот, односно ваков сертификат кој означува дека производите на Swanson се произведени во согласност со најновите технолошки, нутриционистички и биолошки достигнувања на експертите и се едни од врвните висококвалитетни диететски додатоци во светот.
 





Овој печат гарантира дека секој производ означен со брендот на Swanson е 100% во согласност со нашата ригорозна програма за контрола на чистината и квалитетот.
Swanson Health Products - Сите права се задржани    Изработка 2009
Design by MediaDotCom